Почина Томе Димитровски - Тарзанот поранешен голман и тренер на ФК Пелистер

Октомври 25, 2020

 

Од компликации од Ковид-19 ноќеска почина Томе Димитровски-Тарзанот поранешен голман на ФК Пелистер, а потоа и тренер на првата екипа која една сезона се натпреваруваше и во првата фудбалска лига на бивша Југославија.  Димитровски имаше 70 години, а во својот живот даде голем влог за фудбалот Под Тумбе Кафе. Тој ќе остане запаметен по неприкосновената одбрана на голот на Пелистер кој го бранеше до својата четириесетта година од животот. За одбележување е и тоа што една сезона го бранеше голот и на Раднички од Ниш, кога беше во првата фудбалска лига.  

122584689 672545293648880 7520731483097798745 n

122538891 336994094265231 6248164454985386056 n

122274715 287301982346500 4176159655039754227 n

122171151 639222820083486 2649482523570627622 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани