2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Филипче повика по скратена постапка да се донесат сите мерки и апелира на максимална одговорност на секој поединец

Октомври 25, 2020

"Денеска за жал, имаме досега најголем број на починати, 22 пациенти ја изгубија битката со Ковид-19. Регистрираме рекордни 30% позитивни од тестирани лица, а речиси 600 пациенти се хоспитализирани на инфективните одделенија во земјата. Состојбата со вирусот е исклучително сериозна и критична, притисокот врз болниците и медицинскиот кадар е огромен. 

 
Есенскиот бран на вирусот „коси“ низ цела Европа и светот, никој не е поштеден. Молам да се сфати многу сериозно дека од секој еден од нас зависи како ќе го надминеме овој бран.
 
Очекувам итно и по скратена постапка да се донесат сите мерки и законски измени.
 
Повикувам на максимална одговорност на секој поединец и почитување на сите мерки за заштита", повика министерот за здравство, Венко Филипче
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани