Општина Новаци изготви нова веб страна со цел зголемена транспарентност, отчетност во работењето, комуникација и интерактивност со граѓаните.
Преку новата веб страна (
www.opstinanovaci.gov.mk), граѓаните ќе имаат подобар пристап до сите информации поврзани со работата на локалната самоуправа.
Веб страната е компатибилна и за мобилни уреди, како и за смартфони и таблети.
Новата веб-страница е конципирана со цел да обезбеди информации од јавен карактер за граѓаните, за туристите на Општина Новаци, но и за бизнис-секторот.
Секој посетител ќе добие што повеќе информации не само за работата на единицата на локалната самоуправа, туку и општо за Новаци.