2win800x200

Општина Новаци донираше опрема за кабинетот за физиотерапевтски техничар до Медицинското училиште во Битола

Јуни 23, 2025
Општина Новаци донираше опрема за кабинетот за практична настава за профилот физиотерапевтски техничар во средното медицинско училиште „Д-Р Јован Калузи“ во Битола. 
 
-Упатуваме искрена благодарност до градоначалникот на Општина Новаци, г. Стевче Стевановски, за донацијата со која беше опремен кабинетот за практична настава за профилот физиотерапевтски техничар.
Практичната настава е клучен сегмент од стручното образование – токму преку неа учениците стекнуваат вештини и сигурност за идната професија. Новата, современа опрема значително ги подобрува условите во кои тие учат и вежбаат, создавајќи реална, професионална средина што одговара на стандардите на здравствената пракса.
Ваквата поддршка претставува вложување во квалитетна едукација и мотивирање на млади луѓе кои се подготвуваат да ја вршат една од најхуманите професии – грижата за здравјето на луѓето. Благодарни сме што заедно ја градиме иднината на нашите ученици, објавија од Мединското училиште во Битола .
нов нов 800x397
налов 800x405
нов 1 800x446
Можно е да е слика од текст
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани