2win800x200

Димовска-Во месната „Панде Кајзеро“ ќе се прават брзи тестови за Ковид-19

Декември 14, 2020

 

Месната заедница „Панде Кајзеро“ ќе биде на располагање на Центарот за јавно здравје од Битола за правење брзи тестови за КОВИД-19, изјави Невена Димовска портпарол на СДСМ Битола.

Просторот кој е е во сопственост на Општина Битола ќе го користи здравствената установа која е на првата борбена линија со корона вирусот, без надомест. Дополнително, локалната самоуправа ја уреди внатрешноста на месната заедница, согласно потребите на Центарот за јавно здравје и на граѓаните.

-Ова е последната во редицата мерки што ги презема Општина Битола, предводена од СДСМ и Градоначалничката Наташа Петровска, за помош и поддршка на јавните здравствени установи во градот во борбата со корона вирусот.

Од почетокот на ковид кризата, Општина Битола досега издвои над 85.000 евра за поддршка на здравствените институции во справување со состојбата. Најпрвин, издвоени беа 10.000 евра од Буџетот на градот за отворање на лабораторија за тестирање на коронанавирус во Центарот за јавно здравје. Потоа, уште 10.000 евра за обезбедување на апаратура за кислородна поддршка во Болницата, па 20.000 евра за набавка на брзи тестови во Центарот за јавно здравје. Дополнително се издвоија и над 40.000 евра за модуларната болница, рече Димовска.

Над 85.000 евра пари на сите нас, граѓаните на Битола, локалната самоуправа намени за справување со корона кризата. Тоа говори за одговорноста со која Општина Битола се справува со состојбата. Наша одговорност, како граѓани, останува постојано и доследно почитување на мерките за заштита. Да се однесуваме совесно и одговорно, да помогнеме и ние на здравствениот систем и да им помогнеме на сите здравствени работници кои се нашите херои, порачува Димовска.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани