Дежурните екипи на ЈКП „Комунална Хигиена“ од Новаци, од синоќа се на терен и со полна механизација интензивно ги расчистуваат локалните патишта и улици од снежните наноси низ целата територија на Општина Новаци.
-Будно се следи состојбата со врнежите од снег во секое населено место. Во текот на денешниот ден ќе бидат целосно проодни и исчистени сите локални патишта и во најоддалечените населени места вклучувајќи го и Мариовскиот крај.
Повикуваме на разбирање на жителите од населените места во однос на чистењето на улиците кое се врши по однапред изготвен план со приоритет, велат од Општина Новаци.
Општина Новаци препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возила според условите на патот.