АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
-Општините, како основачи на училиштата, ќе бидат вклучени во подготовките и имплементација на целата реформа во основното образование. За таа цел денес одржавме работен состанок со претставници на Управниот одбор на ЗЕЛС, во рамки на широкиот консултативен процес за предложената нацрт концепција. Претседателот на ЗЕЛС, Петре Шилегов и присутните градоначалници кои се дел од Управниот одбор дадоа целосна поддршка на реформските процеси и најавија дека локалните самоуправи ќе бидат еден од клучните партнери во спроведувањето на реформите, објави министерката за образование Мила Цароска .