2win800x200

Во Битола само 10 сантиметри снег

Јануари 22, 2021

 

Висината на снежната покривка утрово во седум часот изнесува 31 сантиметар во Попова Шапка, 10 во Битола, два во Маврови Анови и еден сантиметар во Лазарополе.

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови облачно со повремени врнежи од дожд, само на највисоките планини од снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13 степени.

Во Скопје променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне 9 степени.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани