
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Општина Битола почна со превентивни мерки за намалување на загадувањето на воздухот. Последните два дена, вредноста на суспендирани честички со големина од десет микрометри (PM10) ги надмина дозволените 100 микрограми на метар кубен.
Согласно Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух и прагови на алармирање , рокови за постигнување на граничните вредности , маргини на толеранција за гранична вредност , целни вредности и долгорочни цели ( Службен весник на Република Македонија бр.183 од 14.12. 2017 ) во кој е дефиниран прагот на информирање за суспендирани честички со големина од десет микрометри (PM10) надминување на вредноста од 100µg/m3 во текот на два последователни денови и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи , Ве информираме дека истиот е надминат во мерната станица Битола 1.
За период | Битола 1 |
21.01.2021 | 102.634 ( µg/m3) |
22.01.2021 | 127.214 ( µg/m3) |
Апелираме граѓаните да ги применат и поддржат препораките на Министерството за животна средина и просторно планирање донесени во координација со Интерсекторската работна група за воздух во која членуваат и претставниците на Секторот здравство , во случај на надминување на прагот на информирање за PM10 , односно :
Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје ги дава следните препораки :