АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Генералниот Конзулат на Грција во Битола и грчката компанија за продажба на кретска храна и маслиново масло, Candia-ABEA, со седиште во Скопје, донираа играчки, училишен прибор и производи од грчко маслиново масло во Домот за доенчиња и мали деца во Битола.
Подароците им беа предадени на одговорните на Домот од страна на Грчкиот Конзул во Битола, г-дин Ахилеас Ракинас, и на сопственикот на компанијата, Candia-ΑΒΕΑ, г-дин Димитрис Вергицис, во присуство на Шефот на Канцеларијата за Јавна Дипломатија на Грчката Амбасада во Скопје, Советник за Комуникација, г-дин Константинос Прокакис.
Во Домот за доенчиња и мали деца во Битола се сместени околу 40 доенчиња и деца на возраст до 14 години, кои живеат во 5 различни домови под надзор на „мајки“ кои обезбедуваат семејна грижа. Домот, кој е основан во 1950 година, функционираше како Дом за доенчиња и мали деца до 2019 година, кога, со грижа на централната и локалната власт, започна процесот на деинституционализација и неговото трансформирање во модернα социјална институција.