АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
СВР Битола денеска до ОЈО Битола поднесе кривична пријава против три лица, од кои двајца доктори гинеколози во битолската болница кои овозможиле лице без соодветна лиценца за работа да породи со царски рез родилка во Битола. Директорката на Битолската болница д-р Билјана Гагачовска вели дека за двајца од вработените, како одговорни оператори во сала и дежурни донесено е решение за времено отстранување од работа, поради започната дисциплинска постапка со цел непопречување на процесот на постапката на Дисциплинската комисија.
СВР Битола денеска до ОЈО Битола поднесе кривична пријава против: М. В. (33) од Битола, поради постоење на сомнение за сторено кривично дело “Злоупотреба на службената положба и овластување по чл. 353 од КЗ на РСМ и “Фалсификување службена исправа“ по чл. 361 ст.1 и 2, Г.Ч. (60) од Битола поради постоење на сомнение за сторено кривично дело “Злоупотреба на службената положба и овластување по чл. 353 од КЗ на РСМ, А. В (33) од Белград, Р.Србијa, сопруга на првопријавениот, заради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело “Надрилекарство“ по чл. 209 и кривично дело “Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ по чл. 206 од КЗ на РСМ. Првопријавениот и второпријавениот како доктори гинеколози во ЈЗУ Клиничка болница- Битола пречекорувајќи ги своите посебни овластувања во вршење на должноста и овозможиле на третопријавената на 01.01.2020 без соодветна лиценца за работа издадена од Лекарска комора на РСМ, да даде медицинска помош- изврши оперативна интервенција, породување со царски рез во ЈЗУ Клиничка болница Битола – операциона сала на Одделение за гинекологија и акушерство врз родилка. По завршувањето на интервенцијата, првопријавениот во оперативниот дневник внел невистинит податок, односно во графата податоци за оператор, ги внел своите податоци и податоците на второпријавениот, а од стариот оперативен дневник отстранил страници на кои третопријавената ги запишала извршените оперативни интервенции на 01.01.2021 година.
За случајот изјава даде директорката на Битолкста клиничка болница д-р Билјана Гагачовска.