АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Јавниот обвинител Фатиме Фетаи утре ќе биде гостин на Научното друштво од Битола на онлајн научно стручна дебата насловена-Родова еднаквост и заштита на жените од насилство, приоритет или предизвик? Покрај Фетаи ќе дебатираат и претставници од Хелсиншки комитет за човекови права, Коалиција Маргини и од невладината Сумнал.
На денешната прес конференција во Научното друштво беше изнесена програмата за работа за тековата годината.
-Главен акцент оваа година ставаме на големиот јубилеј 100 години од раѓањето на великанот Академик Блаже Конески, за што ќе организираме повеќе настани, а една наша идеја и манифестација е составен дел на Националната програма за одбележување на големиот јубилеј. МНД во соработка со Педагошкиот факултет, на почетокот на јуни ќе организира тркалезна маса на тема -Делото на Конески постојан извор на истражувања, во науката за јазикот, литературата и културата, рече Нневена Груевска, претседател на МНД Битола. Годинава ќе бидат организирани и литературни читања, изложби, работилници во чест на Конески.