2win800x200

Дали македонските граѓани овој викенд ќе останат дома?

Март 16, 2021

 

Полициски час од 17 часот попладне до 05 часот наутро, од петок до понеделник е една од можните рестриктивни мерки кои се планираат за земјава за крајот на оваа недела. Се размислува дури и за целосен „локдаун“ во текот на двата дена од викендот, но таа опција сега е малку веројатна, и од друга страна, заострувањето на рестрикциите е извесно, пишува Фактор. 

Од Министерството за здравство потврдуваат дека е можно да следува викенд во кој ќе има порестриктивни мерки за заштита, но дека нема таква одлука се уште. Дали ќе има ќе зависи од бројот на заболени и хоспитализациите во деновите до петок. Денеска владата  ќе ја оддржи редовната 54-та седница на која ќе биде разгледана тековната епидемиолошка состојба во земјата.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани