Министерот за животна средина и просторно плaнирање, Насер Нуредини, директорот на Агенцијата за планирање на просторот, Андријана Андреева и раководителите на осумте Центри за развој на планските региони, потпишаа Меморандум за соработка, со кој сите страни ја изразија подготвеноста за соработка во процесот на изработка на Просторен план на државата.
Потребата за изработка на нов просторен план произлегува од истекувањето на постојниот плански документ, но и заради промената во условите и современите потреби на нашето општество. Просторниот план претставува национална стратегија за просторен развој и дава насоки за организација, користење, заштита, уредување и управување со просторот на Државата.