
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Синоќа на 59 годишна возраст поради компликации од КОВИД-19 почина универзитетскиот професор, поранешен заменик министер за образование и пратеник од СДСМ Тале Герамитчиоски.
Герамитчиоски е роден во Прилеп 1962 година, и во периодот од 2002 до 2006 беше заменик-министер за образование во Владата на СДСМ. Во 2006 година на парламентарните избори беше избран за пратеник. Тале Герамитчиоски беше професор на Техничкиот факултет на Универзитетот во Битола. Тој во 2019 беше кандидат за ректор на Битолскиот Универзитет.
Министерката за одбрана и заменик претседател на СДСМ, Радмила Шеќеринска, на ФБ се прости со Герамитчиоски.
„Тале ќе недостига во неговиот Прилеп, во универзитетската област во регионот и во државата, во Битола, на неговите студенти, на сите нас кои го познававме и соработувавме со него“, напиша на ФБ Шеќеринска.