Александар Кирацовски, поранешен генерален секретар на СДСМ, честитајќи му ја победата на реизбраниот лидер на СДСМ Зоран Заев, јавно апелира и кандидатите за градоначалници СДСМ да ги бира непосредно на внатрепартиски избори. Кирацовски на половина година пред претстојните локални избори, смета дека мнозинството сочинето од членовите на СДСМ е доследен репрезент на граѓанското мнозинство, што претставува вистинскиот избор.
Неговиот Фб статус ви го пренесуваме во целост.
Сакам јавно да му честитам на старо-новиот Претседател на СДСМ, Зоран Заев, и да го поздравам непосредниот и демократски начин на неговиот избор.
Апелирам и ќе настојувам, секој позначаен избор на општествени и внатрепартиски функционери, особено изборите за кандидати за градоначалници да се избираат на истиот - непосреден начин, затоа што секоја импровизација, скапо не чини, а секој вистински избор е општествен благодет.
Мнозинството сочинето од членовите на СДСМ е доследен репрезент на граѓанското мнозинство, што претставува вистинскиот избор.
СДСМ е прв во промените. Да се потрудиме истите да бидат делотворни и плодотворни.
Сакам да истакнам дека оваа идеја прв, своевремено, ја промовираше, д-р Гоце Чакаровски, како член на ЦО на СДСМ, а јас како генерален секретар, истата, ја разработував, етаблирав и лично ја најавив при посетите во, буквално, секоја Општинска Организација.
За жал тој пат беше пресечен, но за среќа партијата опстои на оваа значајна идеја. Но тоа е веќе минато, а императивни се сегашноста и иднината.