АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Цела недела месното населние, бројни екипи полицајци, пожарникари, специјални единици се вклучени во потрага по 27 годишен Ислам Лумани од Преспанското село Крани, кој исчезна на 21 март и од тогаш никој не го видел, ниту пак има информација за него. Попалдневно за помош на социјате мрежи се обрати и градоначалникот на Ресен, Живко Гошаревски, кој апелираше секој што го видел и препознал Ислам Лумани да пријави во најблиската полициска станица
„Почитувани сограѓани,
Веќе недела дена, полициските служби од полициската станица- Ресен, специјални полициски единици , дирекцијата за спасување , екипи на пожарникарните и ренџерските служби и локалното население активно учествуваат во потрагата на лицето Ислам Лумани од село Крани.
Се до овој момент, нема големи индиции и докази дека лицето се наоѓа во водите на Преспанското Езеро или неговото крајбрежје.
Истрагата продолжува понатаму, а секој оној што го видел или некаде го препознал Ислам Лумани, да пријави во најблиската полициска станица или на бројот 192, напиша градоначалникот Гошревски.
Претходно семејството и пријателите на Лумани побраа помош од граѓаните и информираа како тој бил облечен кога последен пат го напуштил домот.
„Во недела (21.03.2021) во 10 часот наутро е виден за последен пат Ислам Лумани, тој имаше облечено сини пантолони, црно палто и црни чевли. Се знае дека тој е тргнат да оди кон плажата во с. Крани, но постои можност да тој е отиден во сеуште непознат правец. Денеска е четврти ден без него. Браќа и сестри, помогнете да го најдеме нашиот брат жив и здрав. Секоја информација од ваша страна може да ги смири нашите срц“, напишаа најблиските и оставија телефенои за контакт .
+389 70743937
+389 71841758
+389 75848084
Полицијата на 23 март информираше дека на 21 март во 20,55 часот во полициската станица во Ресен А.Љ. пријавил дека истиот ден во непознат правец се оддалечил неговиот братучед И.Љ.(27) од с.Крани и се превземаат мерки за пронаоѓање на лицето, соопштија од СВР Битола