2win800x200

Момче на 21 година од Нижеполе лудувало на патот за Охрид со 153 километри на час

Септември 15, 2025

Момче од село Нижеполе лудувало на патот Охрид-Ресен. Според СВР Битола - На 14.09.2025 во 15:12 часот на магистрален пат Охрид - Ресен, кај место викано „Рибник Крушје”, полициски службеници од СВР Битола - ОВР Ресен, при контрола во сообраќајот, сопреле патничко возило „ауди” со битолски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(21) од с.Нижеполе, битолско. Притоа, констатирано е дека го управувал возилото со брзина од 153 километри на час на место каде со сообраќаен знак брзината е ограничена на 70 километри на час. По документирање на настанот,  против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл.297-а од Кривичниот законик -  „безобѕирно управување со возило”.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани