2win800x200

Пред асфалтирање делницата од Гроздот до раскрсницата со Широк Сокак

Април 16, 2021

 

Течат работите за изведба на коловозот на втората делница од ул. „Димитар Илиевски Мурато“, на потегот од семафорите кај Гроздот, до раскрсницата со Широк Сокак.
Екипите на терен ја отстранија  старата асфалтна површина, по што се поставуваат ивичници, па ќе следува асфалтирање и поставување на ново улично осветлување.
вљ3
Претходно, на оваа улица, во првата и втората делница, екипите на ЈКП „Водовод“ целосно извршија санација на водоводната мрежа со промена на старите приклучоци. По интервенцијата во водоводната мрежа, се асфалтираше првата делница од улицата „Димитар Илиевски Мурато“.
вљ2
 
 
Вредноста на овие зафати со средства на Општина Битола е околу 12.000.000 денари.
На првиот потег, од раскрсницата на ул. „4 Ноември“ до Гроздот, веќе се поставува ново улично осветлување и се врши комплетно хортикултурно уредување на тревната површина и поставување на клупи, од страна на екипите на ЈП „Комуналец“.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани