
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На 46-годишна возраст по кратко боледување и последици од ковид-19 во Скопје почина универзитетскиот професор и воен историчар д-р Александар Стојчев, кој во малото прсте ја имаше историјата за Првата светска војна и Балканските војни на нашите простори. Не беше битолчанец, но беше одличен познавач на воениот период за Битолскиот регион, еден од најпогодените во војните од 1912 до 1918 година. Редовно учествуваше на симпозиуми кои се одржуваа во Битола на оваа тема.
Беше автор на бројни книги од областа на воената историја.