АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
„Општина Битола ги има спроведено сите досегашни чекори кои ги има добиено како инструкции. Нашиот центар за имунизација ќе биде во спортската сала на Медицинското училиште , преземени се сите почетни чекори, сите консултации и создравање услови, во смисла конструкции на параваните, набавка на компјутерска техника и други задолженија. Активносите се започнати уште изминатата недела. Кога ќе започне имунизацијата не зависи само од тоа, туку и од организацијата на медицинскиот персонал, но многу набрзо масовната имунизација ќе ја имаме во нашиот регион“, рече градоначалничката Наташа Петровска.
Таа уште посочи дека се бележи пад на бројот на заболени, а пикот на третиот бран во Битола беше пред две до три недели.