2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Во Битолската библиотека одбележан Денот на планетата Земја

Април 21, 2021

По повод одбележувањето на 22 април, Денот на планетата Земја, НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола одржа работилница во рамки на проектот „Читаме онлајн приказни на деца и родители во време на пандемија ковид-19“ со поддршка на Министерството за култура на Република Северна Македонија.

Активноста се состоеше во разговор со децата за зачувување на планетата, потоа изработија цртежи за Земјата и преку едукативни и забавни видеа им беше укажано на децата за загадувањето на воздухот, водата и штедењето на струја.

Земјата и нејзините еко системи се наш дом. Со цел да се постигне рамнотежа, неопходно е да се сака и негува природата учејќи ги децата од најрана возраст. Меѓународниот ден на планетата Земја се одбележува за да се потсетиме сите дека Земјата и нејзините природни убавини ни даваат живот и добро здравје. Овој ден, исто така ја поттикнува нашата одговорност за природата на планетата Земја во целина, како да се однесуваме кон истата и што можеме да направиме за да и помогнеме да остане чиста и здрава. Денот на планетата Земја претставува можност секој од нас како дел од планетата да размисли за своето однесување спрема Земјата, дали се однесуваме правилно и одговорно, и што можеме да направиме да биде почиста и поубава. Бидејќи само здрава и чиста животна средина може да ни овозможи квалитетен живот“, велат од Библиотеката во Битола. 


Работилницата ја реализираа Гзиме Коминовска со помош на библиотекари од одделението за развој на библиотекарството.


За првпат Светскиот ден на планетата Земја е одбележан на 22 април 1970 година во САД, а од 1992 година и во целиот свет. 

 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани