2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Наследената руина претворена во расадник на цвеќиња

Април 22, 2021

По повод 22 април, Денот на планетата Земја, чиј фокус годинава е ставен на реставрација на планетата, односно обнова и почетоци на нов циклус, градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска го посети расадникот на ЈП „Комуналец“ во Битола, каде што од минатата година започна нов циклус на производство на сопствен расад на цвеќиња.

Директорот Панде Богоевски објасни дека од локација која практично беше претворена во руина, денес расадникот има 8 големи пластеници, во кои се засадуваат и одгледуваат цвеќиња, со специјално затоплување и сопствено наводнување со прскачи.

Оваа пролет во расадникот се произведени 30.000 садници, што е речиси двојно зголемен број за разлика од минатата година, посочи Никола Дамески советник за градско и вонградско зеленило, а потоа ќе следува засадувањето на есенскиот расад.

По посетата на расадникот, градоначалничката Петровска и екипите од ЈП „Комуналец“ посетија едно од најновите локации во кои што се извршува тековно хорикултурно уредување, кај зградата Грозд.

Увидот продолжи на улицата „Рузвелтова“ каде што по завршувањето на градежните активности треба да се изврши хортикултурно уредување. На терен се дискутираше за веќе постоечките дрвја, од кои дел се стари и оштетени, со плитки корења и претставуваат опасност за околината. Беа консултирани и жителите во улицата, како и сопствениците на објекти, кои посочија дека за време на реконструкцијата е добро да се изврши замена со нови садници.

Денот на планетата земја 22 април, треба да е уште едно потсетување, сите заедно да се грижиме за животната средина, да нема депонии, кои што иако постојано се чистат, сепак не е доволно и од сите нас зависи во какво опкружување ќе живееме.РАСАДНИК3

РАСАДНИК4

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани