2win800x200

Ученици од СОУ „Таки Даскало“- Битола ја промовираа збирката раскази "TELL ME A STORY"-

Април 26, 2021

 

Промовирана е збирката раскази "TELL ME A STORY", дело на извонредните ученици од I 13 и II 12, билингвална гимназија при СОУ „Таки Даскало“ Битола. На овој начин одбележани се три важни настани: Денот на англискиот јазик, Денот на книгата и роденденот на Вилијам Шекспир.
-Расказите се создадени во рамките на проектната активност Англиски јазик-креативно пишување, под менторство на Валентина Богојовска, професор по англиски јазик. Збирката е публикувана во печатена и електронска верзија. Електронската книга е изработена од Американското катче во Битола, велат учесниците во проектот.
Можно е да е слика од текст кој вели „SOU TAKI DASKALO BITOLA TELL ME STORY.. A collection of short stories from amazing students.“
Можно е да е слика од 5 луѓе и текст
Линкови до електронската верзија:
-Печатењето на збирката е реализирано од нашето училиште и примероци од книгата ќе бидат дел од книжниот фонд на сите училишни библиотеки во градот.
Ни беше огромна чест и задоволство, заедно со Американското катче во Битола, да имаме голем број на гости на платформата ZOOM, љубители на пишаниот збор и англискиот јазик. Дел од атмосферата Ви ја пренесуваме низ овие неколку фотографии, вели менторот Валентина Богојовска .
Можно е да е слика од 17 луѓе, екран и текст
Можно е да е слика од 6 луѓе и текст
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани