2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Асфалтираната делница од Цапари кон Ротино на стариот пат, станува сврталиште на велосипедисти

Април 26, 2021

Велосипедисти рекреативци, а и оние кои возат професионално деновиве испратија коментари до нашата редакција дека многу добар чекор е асфалтирањето на делницата од клучката кај Цапари до онаа од Ротино на стариот регионален пат Битола- Ресен.

Со ова асфалтиран е патот од Кажани кон Цапари и Ротино , од кој дел беше со стара коцка и оштетен. Патот покрај тоа што ќе го олесни сообраќајот меѓу овие села, туку станува и се попосетен од велосипедисти кои возејќи за Преспа сега имаат можност да го избегнат метежот од возила на регионалниот пат и да возат по стариот каде нема многу сообраќај и се побезбедни во возењето.

Овој дел од патот го асфалтира Општина Битола, а дел од велосипедистите се надеваат дека ќе се доасфалтира и делот од Кажани до Ѓавато и така ќе можат да возат од Битола до таа локација без да изгегуваат на главниот пат..

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани