На денешен ден загина Киро Дандаро, учесник во НОБ

Мај 01, 2021

На денешен ден, 1 мај 1942, во атарот на село Поткамен, кај Чајниче, Босна и Херцеговина, загина Киро ДИМИТРОВСКИ-Дандаро, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката и народноослободителна борба на Југославија, графичар.

 

Роден бил во Битола на 5 мај 1912 г. Пред Втората светска војна бил активист на прокомунистичките синдикати, член и секретар на Месниот комитет на КПЈ во Битола во 1939 г. Ја основал првата партиска техника на Мениот комитет на КПЈ во Битола во 1940 г. Поради таа активност бил уапсен на 5/6 септември 1940 г. и осуден на 13 декември 1940 г., Бранител во судскиот процес му бил д-р Иван Рибар. Затворската казна ја издржувал во затворите Главњача и Ада Циганлија и во Казнениот завод во Сремска Митровица, од каде што успеал да избега преку подземен тунел на 21/22 август 1941 г. и станал борец на Фрушкогорскиот партизански одред од неговото формирање на 9 септември 1941 г.

Работел како типограф во печатницата на централниот печатен орган на КПЈ, весникот "Борба" во слободното Ужице во октомври 1941 г.

Со единиците на НОВ и ПОЈ и Врховниот штаб, преку Златибор кон Нова Варош, успеале да ја евакуираат и печатницата до село Доброселце, а тој заедно со други соборци се префрлил во Босна и се приклучил во Витешкиот вод на Романискиот партизански одред. Потоа бил политички комесар на Првата чета на Петтиот шумадиски баталјон на Втората пролетерска бригада на НОВ и ПОЈ.

Загинал во борба против италијанските окупаторски сили. По Ослободувањето, на 18 мај 1948 г. неговите посмртни останки биле пренесени и закопани во Битола, а тогаш основаната битолска печатница била именувана со неговото име.

Подготвил: д-р Александар Литовски, историчар

 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани