Далматинска песна и специјалитети за Денот на државноста на Хрватска во Битола

Јуни 21, 2021

Далматинска песна и специјалитети за Денот на државноста на Хрватска во Битола

Со неколку активности во Малата сала на Центарот за култура во Битола беше одбележан Денот на државноста на Република Хрватска во Битола, коi ги организираше хрватскиот културен центар и мaкедонско -хрватското друштво “Марко Марулиќ“. Оваа манифестација е резултат на континуитетот на соработката помеѓу Хрватскиот културен центар и далматинската женска клапа Тамарин од Солин како и здружението Солињани. Клапата на почеток ги изведе македонската и хрватската химна, а потоа репертоар составен од композиции во клапски формат и изворни клапски напеви се со цел запознавање на публиката со клапската песна, хрватскиот јазик, далматинскиот дијалект.

На ова одбележување присуствуваше и амбасадорката на Република Хрватска Нивес Тигањ, градоначалниците на општините Битола и Новаци, претставик на општина Солин од Хрватска, членови на хрватскиот културен центар “Бранко Марулиќ“ и други гости, во намален број поради почитување на ковид мерките.

Во име на домаќинот, хрватскиот културен центар “Марко Марулиќ“, на гостите им се обрати претседателот на центарот Бранко Маретиќ.

- Ми претставува особено задоволство што можам да ве поздравам во име на хрватскиот центар Марко Марулиќ Битола. Го одбележуваме еден од најважните датуми во хрватската историја. Ден кога хрватското собрание ја изгласа декларацијата за проглаување на самостојна и суверена република Хрватска. овој историски датум е прилика да се потсетиме на значењето на хрватското заедништо и моментите кои сите заедно ги поминавме и нашата Хрватска ја врати својата самостојност и демократија, воспоставувајќи ги институциите кои го зачуваа нашиот народ-, рече Маретиќ.

АмбасадоркатаНивес Тигањ во своето излагање прво им го честиташе Денот на државноста на сите Хрвати во Македонија, а потоа се заблагодари на гостопримството во Битола .

-Мило ми е што сум во Битола еве по втор пат после година и половина. Нашиот домаќин Маретиќ, освен што одлично ги организира овие настани, тој организира намерно и со далматински дух, што дополнително ме мотивираше да дојдам во Битола. На сите Хрвати им го честитам денот на државноста . Овие денови се во знакот на роденденот на нашата држава  и како што истакна г -дин Маретиќ, прилика да се потсетиме на се она што се случуваше и денес да го одбележиме.одбе 2

Се обратија и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска и директорката на Центарот за култура во Битола, Маја Андодовска Илијевски, кои го честитаа празникот по повод Државноста на Хрватска.

- Денешното чествување на роденденот на нашата пријателска Хрватска после изминиатиот период од година и половина е радост повеќе.

Верувам и сакам да верувам дека догодина ќе бидеме побројни во оние изданија кои сме ги имале изминатите години.Да живееме со таа верба и љубов помеѓу нашите братски народи и да чествуваме многу посвечено онака како што ние на Балканот умееме-истакна Петровска.

-Ми претставува огромно задоволство и чест што сум дел од една многу убава македонско хрватска приказна. Приказна која започнала одамна во која сум била дел и лично како актер, како публика а денес како директор на Cентарот за култура.

Посебно е задоволството на соработката на Хрватскиот културен центар и Центарот за култура-истакна директорката Илијевски.

Беа прикажани и три кратки филмови од Туристичката заедница на Солин кои и прикажаа на публиката дел од убавините на овој хрватски град, животот во Далмација и обичаите.

Во дел од програмата беше и настапот на новинарката на дневниот весник Слободна Далмација(и членка на здружението Солињани), Миа Сесартиќ, автор на неколку книги за животот во Солин, која на далматински дијалект претстави дел од своите книги, дел од оној далматински начин на живот, облечена во далматинска носија, а прочита и интересни стории за животот во овој град помеѓу двете светски војни.

Членовите на здружението Солињани, облечени во карактеристична далматинска носија, подготвија вкусни далматиснки специјалитети од традиционалната далматинска кујна.

Бранко Маретиќ и претставник на градот Солин доделија и благодарници и статуетки од Солин на хрватската амбасадорка Тигањ, градоначалничката Петровска и директорката Маја Андоновска – Илијевски.

Манифестацијата се одржува во соработка со Центарот за култура Битола, поддржана од Централниот државен уред за Хрватите кои живеат надвор од Р. Хрватска, Амбасадата на Р. Хрватска во Македонија, Министерството за култура на Р. Македонија, Општина Битола, Општина Солин.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани