2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Истражување за онлајн наставата од ОУ Даме Груев во Битола

Јуни 21, 2021

 

ОУ Даме Груев од Битола, спроведе истражување за онлајн наставата, кое за време на пандемијата од КОВИД-19 беше вистински предизвик, а резултатите од овва истражување, слабостите и предностит е на онлајн наставата, интегрално ви ги пренесуваме

 

Со прогласувањето на ковид- пандемијата од страна на СЗО и карантините кои следуваа во многу држави, еден од најпогодените сектори беше образованието.Како последица на кризата, во изминатиот период неминовно опадна квалитетот на образованието што го добиваа учениците во основното образование, но не за сите ученици подеднакво. Постоечките економски нееднаквости кои беа пречка и пред самата криза, уште повеќе се заострија и дополнително придонесоа за разликата во квалитетот на образованието. Сепак, префрлањето на учењето онлајн подразбираше сериозна факторска анализа за одделните возрасни групи (особено во основното образование), како и на спецификите на материјата што се предава, во контекст на нејзиното портирање во дигитална средина. Со новонастанатата ситуација успешно се справивме (како дел од поголемиот одговор на пандемијата). Наставата од почетокот на пандемијата се реализира онлајн, а од октомври започна онлајн, со два исклучока, и тоа за учениците од прво до трето одделение со физичко присуство, а за учениците од IV – IX одд онлајн. Наставните планови и програми за учебната 2020/2021 год. беа изготвени до 15 септември по скратена програма дадена од страна на БРО.

За техничката реализација на часовите беа задолжени самите училишта.
На почетокт на учебната година беа репарирани старите компјутери се додека не се набавија нови.
 
Јаки страни на онлајн наставата:
Можност за користење иновативни техники во наставата
Можност за визуелно презентирање
Континуирано  се следат  постигнувањата  на ученици од различна полова, етничка  припадност според наставни предмети;
Подобрувања на постигнувања на ученици преку редовна  дополнителна и додатна настава; 
Подобрување на постигањата на учениците преку примена на современи форми и методи во наставата ( ИКТ, проекти, презентации, истражувања и сл.)
Отворена соработка меѓу наставниците и родителите кон подобрување на успехот и поведението на учениците;
Училиштето ја следи редовноста на учениците (според полот, етничката припадност), ги анализира причините за отсуство од наставата и навреме презема конкретни активности со цел зголемување на редовноста.
 
Слабости:
Немање исти технички можности кај сите ученици
Почесто отсуство на учениците од ромска националност
мотивираноста на учениците е во раст, но сеуште не е на посакуваното ниво
Голем број родители сеуште не покажуваат подготвеност за соодветна соработка со училиштето за образованието на своите деца.
Учениците кои имаат послаб успех нередовно посетуват дополнителна настава правдајќи се со преоптовареност
Неадекватни услови   за работа со учениците со попреченост (ресурси, планови, обуки за наставниците, стручна помош...)
Недоволни познавања на online платформата од страна на родителите за присуство на online Родителски средби и индивидуални средби.
Недоволна информираност за користење на веб страната на училиштето од страна на родителите.
Идни активности: приоритети од ова подрачје кои можат да бидат вклучени во планот за развој на училиштето
Обезбедување еднакви технички можности за следење на наставата на сите ученици
Водење построга контрола од страна на  наставниците за оние ученици кои не посетуваат дополнителна настава  и примена на соодветнитe законски одреби во случај учениците да не следат дополнителна настава
Зголемување на мотивацијата кај ученици од подрачните училишта да учествуваат на разни конкурси и натпревари
Обезбедување мерки и услови за подобрување на работата со ученици со попреченост.
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани