АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Убавините на Преспа, кои беа затрупани со тони ѓубре, сега се видливи за сите посетители и туристи. Големата акција „Читса Преспа, моја Преспа“ што ова лето ја започна локаланата самоуправа, наиде на огромна подршка од невладниот сектор, поединци, граѓани, но и бизнис секторот. Во акцијата е вклучена и механзација, а се чистат дивите депонии, туристичките населби, но се уредуваат и плажите.
-Од 14 јуни започнаа поголеми зафати со тешка механизација за чистење и уредување. Вработените од специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација- Отешево, спроведоа акција на чистење во дворот на болницата. Во исто време во Општина Ресен, ренџерите и активистите на здружението Еко- герила Преспа, го исчистија дворот на Мониторинг станицата во Стење. Ден потоа, се случи и големата еколошка акција за уредување на плажата во Стење, а беше исчистена и депонијата во Коњско. На 22-ри јуни, младите од село Наколец покажаа како се сака своето место на живеење. Беше исчистена плажата и просторот за спорт и рекреација, информираат од Општина Ресен.
Ренџерската служба на 23 јуни ја исчисти патеката од Претор до Сливница. Потоа следеша најмасовната акција кога бизнис заедницата, граѓански здруженија, спортски клубови, вработени во јавниот сектор, ЈКП Пролетер, волонтери и граѓани го исчистија и уредија амфитеатарот и спортско рекреативниот центар пред СОУ Цар Самоил во Ресен.
Утре ќе се чисти плажата Черти Камен во Отешево, а потоа следува и настанот Meet Prespa, каде сите присутни ќе уживаат во традиционалната храна и во музиката на артисти од три земји. Positive cuts од Албанија, Saso Resyd и Uzun Baba од Македонија и Thomas Nyman од Грција.
-За краток период ќе им ја оставиме Преспа чиста на идните генерации, викендов активистите и ќе се забавуваат на MEET PRESPA, велат од кампањата „Чиста Преспа, моја Преспа“
Кампањата,, Чиста Преспа, Моја Преспа", започна на 5-ти јуни и во неа се вклучени голем број јавни личности кои преку своите лични пораки заедно со секојдневните акции, има за цел за краток период, да им ја остави нашата Преспа, чиста на идните генерации.