2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Интересот за вакцинација се зголемува, во Битола вакцинирани 1090 лица во руралните средини 168

Јули 14, 2021

И денеска на третиот ден од имунизацијата без закажан термин во Битола, голем е интересот на битолчани за вакцинација против КОВИД-19. На пунктот во спортската сала во Медицинското училиште вакцинирани се вкупно 1090 граѓани, од кои 685 се ревакцини, а прва доза примиле 405 лица.

Теренската вакцинација се одвиваше во селата Буково, Крстоар, Бистрица, Олевени, Барешани и канино, каде вкупно се вакцинирани 168 лица.

Со тоа во три дена со теренската вакцинација низ руралните средини во Битолско се ваквцинирани 456 жители

Вакцинацијата продолжува и утре во пограничните битолски села Породин, Велушина, Острец, Лажец, Граешница, Кишава и Драгош, како и на вакциналниот пункт во спортската сала во Медицинското училиште и ќе се одвива од 8 до 14 часот

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани