АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
„Сите сме сложни дека имунизацијата е најбезбедниот начин за заштита од ширење на коронавирусот и само со зголемување на опфатот на вакцинација го заштитуваме сопственото и колективното здравје со еднинствена цел, подобро справување со пандемијата”, беше заедничката порака од денешната средба на министерот за здравство, Беким Сали со челниците на верските заедници. Токму од Меморијалната куќа на Мајка Тереза, беше пратена оваа заедничка порака за важноста на имунизацијата против Ковид 19. Кон апелот се приклучија поглаварот на МПЦ, г.г.Стефан, Реис ул-Улема на Исламската верска заедница, хфз. Шаќир еф. Фетаху, бискупот на Католичката црква, г. Киро Стојанов, како и претседателот на Еврејската заедница во Северна Македонија, г. Пепо Леви.
„Се приклучуваме кон апелот на министерот упатен до нашите граѓани, вреници, членови на нашите цркви и верските заедници да се придржуваат до мерките кои институциите задолжени за грижата на здравјето ги упатуваат веќе втора година. МПЦ, односно Светиот архиерејски синод преку свои соопштенија повеќе пати во изминатите две години, како и во посланијата наменети за поголемите празници во црквата апелираше до верниот народ да се придржуваат до она што здравствените институции редовно апелираа на таа тема. Подобро е нешто да се спречи, отколку да се лечи“, рече поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан.