Притвор од 30 дена за битолчанецот кој праќаше писма со закани за убиство на Ексобар, Јовески и Русковска

Февруари 02, 2022

На барање на Прилепското Обвинителство, притвор во траење од 30 дена, одреди судија од Основниот суд во Прилеп, за 56 годишниот битолчанец Стевче Зика, поради постоење на опасност да се даде во бегство и можност да го повтори делото.​ Тој со писма се закануваше дека ќе ги убие помошник државниот помошник  секретар на САД Габриел Ескобар и обвинителите Вилма Русковска и Љубомир Јовески.

Претходно ОЈО Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против Зика, кој се сомничи за кривичното дело Загрозување лица под меѓународна заштита, како и за две кривични дела Загрозување на сигурноста

Осомничениот на 11.12.2021 година, во рачно напишано писмо на англиски јазик,  се заканил дека ќе го убие Габриел Ескобар, помошник секретар во Стејт департментот на САД за надзор на политиката во државите на Западен Балкан, како и други американски дипломати. Писмото го адресирал до Амбасадата на САД во Скопје и истиот ден го испратил по редовна пошта преку АД Пошта на Македонија-подружница Прилеп

Истиот осомничен, во периодот од 20.12.2021 до 22.12.2021 година, во два наврати, преку рачно напишани писма на англиски јазик, упатил сериозна закана дека ќе изрши напад врз животот на  Вилма Русковска, Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Двете писма ги испратил по редовна пошта преку прилепската Подружница на Македонска Пошта, при што првото го адресирал до Јавното обвинителство на Република Македонија, а второто до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

На 17.01.2022 година осомничениот упатил сериозна закана дека ќе изврши напад врз животот на Љубомир Јовески, Јавен обвинител на Република Македонија. Во писмо адресирано лично до Јовески во Јавното обвинителство и испратено преку Подружницата на АД Пошта во Битола, осомничениот упатил директни закани по живот.

Веднаш по добиените пријави полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран  криминал и СВР Битола, во соработка со Агенцијата за национална безбедност преземаа мерки и активности за расчистување на случајот.

Врз основа на издадени Наредби за претрес во дом и други простории од Основниот суд  Битола, на 21.01.2022 извршени се претреси на две локации на подрачјето на Битола, и тоа во домот на осомничениот  и во домот на неговата мајка.

При извршените претреси се пронајдени и одземени мобилен телефон, лап-топ компјутер и предмети поврзани со кривичното дело. Зика утрово  е лишен од слобода и во Битолската полиција  е извршен разговор со него, а по извршено графолошко вештачење оутврдено е совпаѓање на обезбедениот рачен ракопис од Стево Зика  и рачниот ракопис во напишаните заканувачки писма, по што тој е прведен и предден на обвинител, кој  отвори истражна постапка, а судија одреди 30 дневен притвор. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани