АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На барање на Прилепското Обвинителство, притвор во траење од 30 дена, одреди судија од Основниот суд во Прилеп, за 56 годишниот битолчанец Стевче Зика, поради постоење на опасност да се даде во бегство и можност да го повтори делото. Тој со писма се закануваше дека ќе ги убие помошник државниот помошник секретар на САД Габриел Ескобар и обвинителите Вилма Русковска и Љубомир Јовески.