2win800x200

Фатен битолчанецот кој преку пошта писмено се закануваше на обвинителите Јовески и Русковска

Февруари 02, 2022

Претпладнево во Битола е уапсен 56-годишниот Стевче Зика кој е осомничен дека ги праќал заканувачките писма за државниот обвинител Љупчо Јовески и за раководителката на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Рускоска.

Според првичните информации, Зика ги напишал двете писма дома, а потоа одел во Прилеп за да ги испрати до обвинителствата и до обвинителите и на тој начин да ги залаже истражителите.

Од МВР потврдија дека осомниченото лице е уапсено, но повеќе детали најави за текот на денот.

https://telma.com.mk/

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани