2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Во Битола вакцинирани 57,5 проценти од жителите над 18 години

Септември 28, 2021

Една доза вакцина против КОВИД-19  примиле 47.014 граѓани на Општина Битола или 57,5 проценти од населението над 18 годишна возраст, додека две дози примиле 43.666 граѓани. Во Преспаснко-Пелагонискиот Регион, само Ресен е пред Битола со вакцинирани 59,3 проценти, а потоа се Крушево со 54,2 %, Демир Хисар со 51,4 проценти.  Во Прилеп прва доза примиле 51,1 отсто од граѓаните над 18 години. Овие градови во Преспаснко-Пелагонискиот регион се над државниот процент на вакцинирано население, односно заклучно со 26 септември, со една доза на вакцина против Ковид 19 вакцинирани се 46,9% од населението над 18 годишна возраст. Кај лицата над 40 годишна возраст опфатот со една доза изнесува 55%, кај лицата помеѓу 18-39 години опфатот со една доза на вакцина изнесува 31%.

Според последните податоци, најмногу со прва доза вакцинирани граѓани има во градовите Охрид(63,9%), Кавадарци(64,3%), Гевгелија(61,4%) и Неготино(65,1%). Покрај Битола, Д.Хисар, Ресен, Прилеп и Крушево,  помеѓу 50-60% опфат на вакцинирано население со прва доза има во градовите  Велес, Берово, Пехчево,  Валандово, Штип и Пробиштип.

Помеѓу 40-50% опфат на вакицнинирани граѓани има во градовите Кичево, Св.Николе, Кочани, Делчево, К.Паланка, Струга, М.Брод, Скопје и Тетово. Помеѓу 30-40%, односно најмалку вакцинирани во моментов има во Виница, Куманово, Кратово, Дебар, Струмица, Гостивар и Радовиш.

-Во тек е вакцинација во постоечките вакцинални пунктови во државата, каде граѓаните може да се вакцинираат без да закажат термин. Вакцини има доволно и истите се достапни за сите што сакаат да се вакцинираат. Со извршена комплетна вакцинација се заштитувате себеси и своите најблиски од компликации на болеста предизвикана од вирусот Ковид-19. Вакцините штитат од смртен исход и спречуваат натамошно ширење на вирусот. Ги повикуваме сите кои досега не се вакцинирале, да го направат тоа во најскоро време и на еден од најблиските пунктови до местото на живеење., информираат од Министерството за здравство

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани