2win800x200

Отсекот за превенција при СВР Битола и ОБСЕ со едукативно предавање за учениците од Новаци

Септември 29, 2021

На 28.09.2021 од страна на Отсекот за превенција при СВР Битола, во соработка со ОБСЕ и Полициско одделение Новаци, беше реализирано едукативно предавање со ученици од прво и второ одделение во ПОУ„Славко Лумбарковски“ од Новаци, битолско, во рамките на тековните проекти на Отсекот: „Полицијата и граѓаните заедно“ и „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“.

Од страна на полициските службеници на учениците во училишниот двор им беше укажано на основните правила и прописи за учество во сообраќајот како пешаци, беа разгледани полициските возила и беше поделен промотивно-едукативен материјал од ОБСЕ.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани