АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Црнодробниот карцином бележи пораст во Македонија, а токму тој според светската статистика се искачи на трето место по смртноста предизвикана кај пациенти со малигните заболувања. Хепатоцелуларниот карцином дури во 60 проценти од случаите е предизвикан од хепатити Б и Ц. Загрижувачките податоци за ширењето на оваа болест беа презентирани од страна на „Хепар центарот„ од Битола кои денес заедно со други партнери ја започнаа едномесечната кампања по повод Светскиот ден за борба против хепатитот.
„Најновите податоци покажуваат драстично зголемување во 2020 година во светски рамки , а тоа е дека имаме 300 000 нови случаи со хепатити од кои најмногу во Средна и Источна Европа. И ние влегуваме во таа група како земја, но се̍ уште немаме официјална бројка за 2020 година на заболени со хепатит во Македонија. Но, бројките пред 2020-та беа дека некаде околу 20 000 луѓе имаат хрониочен хепатит Б и Ц во земјава. Бројките стануваат сезиони, од една маргинализирана болест станува многу сериозна и опасна по животот на голем број пациенти во Европа“, рече Милан Мишковиќ од „Хепар центарот“ од Битола.
Хепатитите, дебелината и алкохолот спаѓаат во таканаречената фамозна тројка на фактори предизвикувачи на црнодробниот канцер. Се семта дека порастот во некои земји на заболените се должи на тоа што црнодробните заболувања беа занемарени поради пандемијата. Помалку од 900 000 луѓе во светот починаа во 2020 година од црнодробен канцер.
Во Македонија покрај на Инфективната клиника, најсовремена терапија за третман на хепатити ќе има и во Клиниката за гастроентерохепатологија во Скопје.
„Важно е да се работи на превентивата и на раната детекција , да се даде можност на сите од возрасната популација барем еднаш годишно најмалку да прават контроли од ова заболување. Се преговара со Министерството и Фондот за здравство да се овозможи центар наменет за заштита на црниот дроб. Во октомври се надеваме дека ќе имаме можност голем број граѓани од наташа земја да можат да направат проверка на својата состојба“, рече Мишковиќ.
Одбележувањето на Светскиот ден за борба против хепатитот започна од Битола каде денес се правеа бесплатни тестови за хепатит Б и Ц, ХИВ,брзи антигени тестови и за антитела на ковид-19. за ковид-19 и за антитела.
(Денес се спроведоа бесплатни тестирања во Црвениот крст во кои се вклучија членови на организацијата, новинари и други граѓани)