АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во завршна фаза се подготовките за реконструкција на патот до Трново – Магарево!
Интегрален текст од изјава на Ѓорѓи Ѓоргиевски, СДСМ Битола
За првпат после повеќе децении, започнува реконструкција на коловозот кој води до бисерот на Битола и Северна Македонија – Националниот парк Пелистер!
Патот кон Трново Магарево се реконструира со пари од Буџетот на Општина Битола. Проектот е вреден над 12,5 милиони денари и со неговата реализација значително ќе се подобри, пред се, безбедноста на оваа делница, како и квалитетот на сообраќајот во овој дел од потпелистерието.
Реконструкцијата на патот кон Трново – Магарево се надоврзува на изградбата на колекторскиот систем кој ги опфаќа отпадните води на територијата на Националниот парк Пелистер. Во изградбата на овој систем Општина Битола учествуваше со над 15.000.000 денари, а останатите средства ги обезбедија Министерството за животна средина и Програмата за развој на Обединетите нации - УНДП.
Со изградбата на колекторскиот систем на Пелистер и реконструкцијата на патот кон Трново – Магарево се потврдува сериозниот пристап на Општина Битола и на СДСМ во решавањето на проблемите со загадувањето на животната средина и исполнување на предусловите за развој на туризмот.
Во овој потег од Потпелистерието, локалната самоуправа на Битола има инвестирано 557.000 евра!
Решени се децениски проблеми со загадувањето на водите и за првпат после скоро две децении се менува асфалтот на патот кон Пелистер.
Четири години работиме одговорно бидејќи Битола и битолчани го заслужуваат најдоброто !