АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Метеорскиот дожд Персеиди набљудуван на небото над Големо Езеро на Пелистер е вистинска атракција.
Оваа појава се случува секоја година во август од соѕвездието Персеј. Појавата настанува кога Земјата поминува низ облаци од честички прав оставен од кометата Свифт-Татл.
Најмалите честички се со големина на зрно песок, согоруваат во атмосферата на Земјата образувајќи метеорски дожд. Прво тој е со најголем интензитет па потоа постепено слабее. Овој метеорски дожд е активен од 17 јули па сè до 24 август додека максимумот речиси секогаш кон средината на август. Бројот на метеори обично достигнува 60 на час.