2win800x200

Становите во Битола станаа луксуз, куќите одат за џабе, но никој не ги сака

Август 25, 2021

БИТОЛА – Да купиш стан во нова градба во Битола стана луксуз за просечен битолчанец. Цената скокна и над 900 евра за метар квадратен. Познавачите на приликите велат дека и градежните трошоци се повисоки, но и дека инвеститорите не се откажуваат од високите добивки кои изнесуваат и по 400 евра од квадрат. Нови згради се градат во поранешната касарна, во Областа, во Нова Битола и уште на неколку други локации во градот. Становите најчесто се купуваат уште во градба, зашто купувачите сметаат дека така ќе заштедат по 100 евра од квадрат за разлика од понудата на станови кои се веќе изградени во нови објекти, објави https://nezavisen.mk/stanovite-vo-bitola-stanaa-luksuz-kukjite-odat-za-dzhabe-no-nikoj-ne-gi-saka/.


Инвеститори од градот велат дека цените на новите градби пораснаа бидејќи пораснаа и трошоците и услугите за градба. Од агенциите за недвижности велат дека купувачи има само за помалите станови, а најчесто стари станови продаваат оние кои се иселуваат од градот.

И старите нереновирани станови и во згради од пред четири децении го следат трендот на новите градби. Цена држат становите од 40 до 55 квадрати со засебни спални. Големите станови од по 100 квадрати се продаваат по 600 евра од м2, ама нив заради високите трошоци за живеење ретко кој ги купува.
За разлика од колективните згради, куќите во Битола се нудат за џабе, тоа е така зашто никој не е заинтересиран нив, па куќа од 100 квадрати од спрат со засебен двор чини колку двособен стан и пак нема купувачи.
Битолчани кои сакаат да вложат во стан се жалат на „набилдани“ цени.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани