2win800x200

Реновирана и градинката "Снегулка", клон на "Естреја Овадија Мара"

Септември 04, 2021

Градинката "Снегулка", клон на ЈОУДГ "Естреја Овадија Мара", е петти објект со целосно променет лик, комплетно бојадисан  и темелно лакиран паркет после 23 години. Влагата и мувлата во градинките каде се згрижуваат најмладите, сега се веќе минато. 

Во исто време се молерисани и градинките во Кравари, Бистрица и Долно Оризари, а на ред е градинката во Кукуречани. Во оние објекти каде имаше дотраен под, поставен е ламинат, а исто така, набавен е и нов мебел. 

Во сите градинки кои се во рамките на "Естреја Овадија Мара" за неполни 4 години вложени се над 18 милиони денари, или нешто повеќе од 300 илјади евра.

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани