АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
– НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“-Битола промовира празнична изложба на избрани публикации од домашни, и автори од странство. Во фоајето на библиотеката, меѓудругите изложени се книгите „Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава“, „Македонија 1945-1991, државност и независност“ од авторот Новица Велјановски, зборникот на трудови „Македонскиот расказ“, книгата „Записи за нацијата и државата“ од Павел Шатев, „На Татковината и’ должиме се’, Таа нам – ништо!“ избор на Јован Павловски и илустрации на Коле Манев. Во изложбениот салон поместени се и делата „Чехословачки дипломатски документи за Македонија 1919-1933“, „Турски документи за оружените борби во Македонија 1903-1908“, книгата „Политиката на Соединетите Американски држави и на Велика Британија спрема Македонија во текот на Втората светска војна“ чиј автор е д-р Тодор Чепреганов, „Патот до независна Република Македонија“ и „Кризите во независна Република Македонија“ од авторот Трајан Гоцевски.
Читателите може да се потсетат и на насловите „Македонија во делата на странски патописци“ и „Раѓањето на македонската нација“ кои непречено може да се изнајмуваат во НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Битола.