Кандидатот за градоначалник на Битола од ВМРО-ДПМНЕ битолчани најверојатно ќе го слушнат утре, иако се очекуваше тој да биде најавен денеска за време на претстојот на лидерот на партијата Христијан Мицкоски во Битола.
Имено, според партиски извори, имињата на кандидатите за Битола и за неколку други општини ќе бидат соопштени в четврток, кога треба во седиштето на партијата да се одржат седници на Извршниот и Централниот комитет.
Во ВМРО-ДПМНЕ во игра се неколку кандидати, кои беа предмет на анкети а како најсериозен кандидат е д-р Тони Коњановски, епидемиолог во Центарот за јавно здравје Битола.
ВМРО-ДПМНЕ под слоганот „30 години се грижиме за Македонија“, денес во Битола ќе го одбележи јубилејот од независноста на Република Македонија, објавија од партијата.
„30 години се грижиме за Македонија“ опфаќа повеќе активности од граѓански карактер и се во насока на вистинско народно одбележување на јубелејот од независнста.
Одбележувањето ќе започне со трибина „30 години се грижиме за Македонија“ во 12 часот на отворената тераса во хотелот Епинал. На трибината учество ќе земат видни личности од политичкиот живот во изминатите 30 години:
Министерот во првата македонска влада Мартин Тренески
Поранешниот потпретседател на Влада, амбасадорот Маријан Ѓорчев
Поранешниот претседател на ЗЕЛС, пратеникот и градоначалник Коце Трајановски
Поранешниот премиер, министерот и пратеник Емил Димитриев
Првиот градоначалник на општина Битола Златко Милошески
Централната прослава „30 години се грижиме за Македонија“ ќе се одржи во 19 часот на плоштадот Магнолија во Битола.