АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На местото на некогашниот постер со панорама од стара и нова Битола, во градоначалничкиот кабинет во Битола, сега поставена е иустрација од реставрираниот Офицерски дом, поточно од реновираната концертна сала. Така, битолскиот Версај не само што го краси Широк Сокак, туку негова слика сега го разубавува и работното место на првиот човек во Општината. Постерот е поставен по иницијатива на градоначалничката Петровска, во чиј мандат беше реставриран објектот кој долги години претходно беше запуштен и оставен без соодветна грижа.