2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Сатиричниот младински театар од Славонски брод со премиера во Битола

Октомври 06, 2021

Сатиричниот младински театар од Славонски Брод, Хрватска, ќе ја изведе премиерата  „Беспомошни суштества“, базирана на драмите на Чехов, драматизирана од големиот американски драматург Нил Симон, а во режија на Силвио Стилиновиќ на сцената на Центарот за култура во Битола оваа сабота, поточно на 9 октомври. 

„Има само една алка во трите драми со еден чин: човекот. Човек во ситуација на живот, животна ситуација поставена од човек. Сатирично исмејување, колку и да звучи парадоксално, на односите меѓу луѓето. Карикатура на животот во средината. Се чини дека секоја реченица на Чехов е напишана за денешните ситуации што луѓето ги создаваат за себе. Претставата треба да се разбере како комедија. Чехов напиша „комедија“ за секое негово дело,“ велат од Сатиричниот театар.

Во претставата играат: Тања Медиќ Савиќ, Аленка Владисављевиќ, Силвио Стилиновиќ, Зрино Гусак, Матеј Сафундџиќ( како гостин од професионалниот театар Славонски Бродвеј), Морено Мијатовиќ, Антонио Јуричиќ. Режисер е Силвио Стлиновиќ, асистент на режија Саша Кариќ, костимографија Таја Балаш.
 

Претставата во Битола ќе биде и премиера на„Беспомошни суштества“, како дел од  15 -та сезона на Сатиричниот младински театар од Славонски Брод..

Инаку, овој театар постои од 2006 година, добитници се на многубројни награди во Хрватска, но и на фестивали надвор од неа. Како што велат самите актери- за нас наградите се доказ дека сме на вистинскиот пат за она што го работиме. Гостувањето на сатиричниот театар од Хрватска е во организација на МХД.Хрватски културен центар Марко Марулиќ, Битола, во соработка со оштина Битола и Центар за култура, а по повод одбележувањето на Денот на Хрватскиот парламент. 

 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани