Биографскиот филм за југословенската легенда Тома Здравковиќ, од понеделник во 3Д Кино Битола.

Октомври 14, 2021

Биографскиот филм за југословенската легенда Тома Здравковиќ, насловен „Тома“, во режија на Драган Бјелогрлиќ, од 18 октомври ќе игра во 3Д Кино Битола.

Најзборуваниот филм на Балканот, филмот „Тома“, приказна за една душа која својата тага, страдање и среќа ја испеа во најубавите песни. „Тома“ е импресионистички портрет на Тома Здравковиќ, кој ги прикажува неговите почетоци и врвот на славата, неговите љубови кои го инспирирале за компонирање на некои од најголемите хитови, како и односот со голем број пријатели од уметничкиот свет на Југославија. Тоа е приказна за достигнувањето неочекувани висини на популарноста, но и на дното на животот. 

 

Главната улога ја игра Милан Мариќ, а во актерската екипа се и Тамара Драгичевиќ, Петар Бенчина, Андрија Кузмановиќ и Сања Марковиќ. 

Предвидени проекции :
18.10.2021. 20:00
19.10.2021. 20:00
20.10.2021. 21:00
21.10.2021. 18:00
22.10.2021. 18:00
23.10.2021. 18:00
24.10.2021. 18:00
25.10.2021. 20:00
 
Картите се пуштаат во продажба од утре, петок, а од Центарот за култура информираат дека нема да прават резервации. Задолжително е почитувањето на Ковид 19 протоколите, прикажување на сертификат за вакцинација или прележан Ковид во последните 45 денови, дезинфекција, држење дистанца и носење маска.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани