2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

На денешен ден е убиен Стерјо Ѓеоргиевски Жорж, учесник во НОБ

Октомври 22, 2021

НА ДЕНЕШЕН ДЕН 22 ОКТОМВРИ

Во селото Сопотско, Ресенско, во 1942 година е убиен Стерјо Ѓеоргиевски-Жорж, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија.
 
Роден бил во Битола, на 6 јуни 1922 година. По професија бил чевлар. Уште во предвоена Југославија дружејќи се со повозрасните работници се зачленил во прокомунистичките синдикати и дури станал и раководител на чевларската синдикална подружница. Бил сакан и ценет меѓу работниците, што пак му овозможило во 1939 г. да биде еден од главните организатори на штрајкот на чевларските работници во Битола.
 
Веднаш по фашистичката бугарска окупација на Вардарскиот дел на Македонија во 1941 г. станал член на КПЈ и набрзо бил избран во градскиото раководство. Зел активно учество во подготовките и изведувањето на таканаречената Илинденската демонстрација во Битола во 1941 г. Во натамошниот период од антиокупаторската борба пројавил активност во организирањето на врски за прибирање на храна и оружје за илегалците и партизанските единици. Всушност бил меѓу најблиските соработници на Стив Наумов, Лазо Хаџи Поповски и другите главни раководители на антифашистичкото движење во Битола и Битолско. Набрзо по формирањето на Битолско-преспанскиот партизански одред „Даме Груев“ станал негов борец.
 
По одржаниот митинг на Одредот во селото Сопотско, Ресенско, кога започнала борба со бугарските воено-полициски сили тој бил убиен. 
 
Подготвил: д-р Александар Литовски, историчар
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани