АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Кандидат за советник од политичка партија во Битола ги фотографирал личните кари на извесни гласачки во гласачки места во Основното училиште „Тодор Анегелсвки“ во Битола, раскажуваат за Апла.мк гласачи кои во моментот се затекнале во школото. Тие велат дека лицето е и фотографирано како го прави тоа, а случајот е пријавен до полицаесот кој го обезбедувал тамошното место и се очекува да влезе во записник. Од СВР Битола се уште не добивме информација дали ова е пријавено кај нив, а од ОИК велат дека вакви случаи се пријавуваат во полиција, а кај нив нема дојава.