2win800x200

МНД-Битола одржа академски час за Блаже Конески во Небрегово

Ноември 14, 2021

Програмските активности на МНД-Битола во кои годинава доминираа настани од областа на науката, литературата и уметноста, но и промоција на издавачката дејност, посветени на јубилејот 100 години од раѓањето на великанот Блаже Конески беа заокружени со академски час во неговото Небрегово.

– Академскиот час го реализиравме во соработка со Педагошкиот факултет од Битола. За посетителите во Спомен домот на Конески во Небрегово приредивме промоција на документарниот филм „Бесмртноста на Блаже Конески" на авторката Искра Талевска, а пригодна реч одржа и деканот на Педагошкиот факултет, професорот Добри Петровски. Во рамки на академскиот настан краток рецитал и избрани стихови од поезијата на Конески презентираа студентите Јасна Талевска, Димитра Десановска и Дијана Нешковска, а професорката д-р Даниела Андоновска Трајковска, прочита своја песна посветена на Блаже Конески, која што е дел од нејзината најнова збирка поезија „Пеш по воздушна линија", изјави проф. д-р Невена Груевска, претседател на МНД-Битола.

Академскиот час на МНД-Битола за Конески во Небрегово, освен членови на Друштвото, го следеа и професори по македонски јазик од средните и основните училишта во Битола. /МИА

Можно е да е слика од 7 луѓе, луѓе што стојат и надвор

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани