2win800x200

Седнуваат пијани зад волан и возат брзо, покажуваат сообраќајните контроли

Ноември 14, 2021

Во текот на изминатата вечер (13/14.11.2021) спроведена е контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на цела држава, при што санкционирани се 141 возач. Од нив, 34 на територијата на СВР Скопје, 25 на територијата на СВР Битола, 20 на територија на СВР Тетово

Денеска полициски службеници од СВР Битола спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на СВР Битола, при што санкционирани се 62 возачи.

23 санкции се изречени на територија на Битола, 22 на територија на Прилеп.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информираат од полицијата
 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани